Вести

Две лица ја признаа вината за пропустите кои беа причина за смрта на детето во лифтот

Две лица ја признаа вината за пропустите кои беа причина за смрта на детето во лифтот

 

Се надевам дека Петар ќе ја добие правдата и институциите ќе пресудат правилно , а државните институции ќе обрнат поголемо внимание и контрола кон фирмите што се одговорни кон домаќинско работење на зградите и фирмите кои работат со сервисирање на лифтовите посебно во општина Куманово-, изјави Никица Петковски таткото на малиот Петар,кој трагично го загуби животот  во лифтот во зградата во која живеат.

nikica

Тага и солзи во очите и на оштетените и на обвинетите за смрта на малиот Петар, во судницата во Основниот суд во Куманово , каде денеска започна судскиот процес за трагично згаснатиот живот на малолетното дете.

Од 4 обвинети субјекти дваица од субјектите , едно физичко и едно правно лице ја признаа вината поради која дел од пропустите  по член 31 од законот за техничка инспекција трагично заврши животот на шестодишно дете.

„Имаме 4 обвинети субјекти две физички и две правни лица, дел од нив признаа дека се виновни за причините кои довеле до трагичниот епилог на малолетното дете. По 18 месеци од трагичниот настан никој од нив не изрази ниту сочуство ниту каење , а сега е доцна- вели Христијан Георгиевски правниот застапник на оштетеното семејство  Петковски.

nikica i kiko

„Се работи за мало дете кое го загуби животот поради неодговорно работење на субјекти кои имаат и законска и морална одговорност да постапуваат и се грижат за животот на семејствата кои живеат во зградите и да се грижат и за лифтовите. Сметам дека судот треба да додели правилна санкција која ќе влијае и воспитно како на обвинетите така и во иднина и очекуваме казна согласно со законот„-, изјави по судскиот процес Христијан Георгиевски.

Физичкото лице М.С. како управител на фирмата која стопанисува со зградата во која се случил инцидентот , пред судот изјави дека поради морална одговорност ја признава вината.

„Многу ми е жал за загубата на животот на детенцето, искрено сочуство до семејството, јас ја признавам вината„- , рече М.С.

Неговиот бранител Борис Кондарков од судот побара при одмерување на видот на санкцијата да бидат земени сите олеснителни околности.

„При одмерување на видот на санкцијата предлагаме судот да се раководи од самото признание на вината како и од описот на делото кое се става на товар на обвинетите имајќи во предвид дека трагичниот натан не настанал како директно влијание со директно причинско последична врска„-, рече пред судот Кондарков.

Обвинителството истакна дека оваа е тешко дело против општа сигурност , а правното лице ја признало вината за делото со што судот да ги земе сите олеснителни и отежителни околности.

Откако две од четрите обвинети субјекти ја признаа вината судот одлучи предметот да го раздели , а против правниот субјект и управителот  кој не ја  признаваат вината, фирмата за одржување на лифтови, ќе се води доказна постапка за утврдување на вината.

Судот на правното и физичкото лице кое ја признаа вината ќе им изречат санкции , а правниот застапник побара и материјална оштета.

На 26 јуни 2016 година , откако сам во лифт, каде не функционирале заштитните врати му се заглавила раката на малолетно дете, било пригмечено и  се здобило со смртни последици.

Radio Bum

November 30th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *