Вести

Домашен притвор за службеничката во собранието од Куманово

Куќен притвор за Е.Б. службеничка во собрание на Македонија од Куманово која вчера беше приведена како осомничена за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на спроведените лица во судот во однос на предлогот на обвинителството, донесе решение со кои за Е.Б. од Куманово службеничка во собранието и одреди мерка куќен притвор.

За останатите лица, за кои се уште не е завршено сослушувањето, по донесено решение на судија на претходна постапка во однос на предлогот на обвинителството, јавноста ќе биде информирана денеска преку соопштение на веб-страницата на судот со целосна информација за донесените решенија, се додава во соопштението.

Од крвавиот четврток  во собранието поминаа  седум месеци, а судскиот епилог досега брои 9 условно осудени,  4 годишна казна затвор за напаѓачот на актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска. За обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во притвор се 10 лица од кои 8 како соизвршители.

Од Куманово се приведени три лица меѓу кои Игор Југ, на кој му е продолжена мерката притвор , В.М. и Е.Б.

 

 

Radio Bum

November 29th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *