Вести
СВР Куманово: Од 136 контролирани возачи 21 возеле под дејство на алкохол
За време на викендот во Куманово според информациите на Министерството за внатрешни работи била извршена засилена сообраќајна контрола со алкотест. Од 136 контролирани возачи, 21 управувале возило под дејство на алкохол.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во соработка со другите институции ќе продолжат со ваквите контроли и во наредниот период.








