Вести
Вечерва отварање на изложба „ Моменти „ со 25 дела на слики на академскиот уметник Слободан Тимчевски
Вечерва / четврток / со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики на академскиот сликар Слободан Тимчевски насловена „ Моменти„ . Изложбата содржи 25 дела работени во техниката акрил од најновата продукција на Тимчевски.
Во оваа најнова збирка на дела на Слободан Тимчевски можеме да согледаме и повеќе други влијанија од поп-арт, стрит-арт и стрипот, што говори за еден едуциран автор којшто има апсолвирано и теоретски знаења коишто успешно ги имплементира во своите дела градејќи еден свој визуелен универзум. Дали истиот ќе биде читлив за пошироката публика останува да се види на самото отварање на изложбата, но со сигурност можеме да кажеме дека во делата на Тимчевски гледаме еден современ автор којшто за краток временски период ќе биде препознатлив и влијателен на македонската ликовна сцена.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена во наредните 14 дена.








