Вести
Приведен избеганиот затвореник кој вооружен ограбуваше и напаѓаше по Куманово
Кумановската полиција го фати и приведе О.М. избеганиот затвореник од затвор Идризово.
Според извори од полицијата О.М. бил лоциран и приведен кај Менкова колиба во Куманово.
О.М. вооружен ограбуваше и сееше страв во Куманово и околината . Tој се води како избеган од затворот во Идризово од 16 декември 2016 година по што ограбувал по колонијали, викендици и куќи.
О.М. е осуден на 17 години затворска казна поради убиство , а осуден е и за кражби и разбојништва.








