Вести

Куманово со најзагаден воздух, засилена инспекција ќе го решава проблемот со загадувањето

Со почетокот на грејната сезона на апликацијата „Мој воздух „ која податоците ги зема од мерните станици за квалитетот на воздухот поставени од Министерството за животна средина и просторно планирање, Куманово е најзагаден град во државата. Според мерењата најголемата загаденост е во вечерните часови и тоа по 19 часот. 
Општинската комунална инспекција од Куманово на терен ќе утврдува кој загадува и ќе преземе соодветни мерки, вели  градоначалникот Максим Димитриевски, одговарајќи на новинарски прашања за справување со загадувањето во Куманово.
Овие мерки, потенцираше, ќе бидат преземени зимава. – Преку надлежните општински служби ќе ги лоцираме загадувачите на територијата на нашата општина и воедно сите оние кои во гаражите, механичарските работилници и други објекти користат веќе употребено моторно масло за согорување и затоплување на самите објекти кои се енормни загадувачи, изјави Димитриевски. Кумановскиот градоначалник рече дека загадувањето во Куманово ќе се решава преку долгорочните мерки кои беа понудени во предизборната кампања, а меѓу нив, ширење на гасификационата мрежа и дислокација на автобуската станица од сегашната локација на периферијата на градот, со што нагласи ќе се намали сообраќајот на автобусите во централното градско подрачје. Загадувањето, дополни, произлегува и од се поголемиот број на возила, а добар дел од нив не ги исполнуваат станадардите. Куманово, подвлече, инфраструктурно е предвиден за 8.000 возила, а нивната бројка во овој период е 27.000 и постојано се зголемува. – Во Куманово гори и согорува кој што ќе стигне, а тоа е резултат на социо-еконосмката состојба на граѓаните, општината има план и стратегија за справување на загаденоста со воздухот, изјави Димитриевски. Тој додаде дека загадувањето во градот произлегува од користење на возила кои не исполнуваат еколошки стандарди, што се должи на социо-економската состојба во градот.

Radio Bum

November 7th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *