Вести
Во Агино Село вооружен крадец ограбил две лица
Две постари лица вчера во 11.00 часот на место викано „Перево Трло“ во Агино Село, кумановско, биле нападнати и ограбени.
Според информациите на полицијата грабежот се случил пред викендица сопственост на Љ.С. (72) од Скопје. Разбојникот со закана со пиштол од Љ.С. одзел 330 денари и мобилен телефон, а од неговиот пријател Д.Т. (70) одзел 1.600 денари, мобилен телефон и прстен. Откако ги ограбил ги заклучил во викендицата и побегнал со патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на зетот на Љ.С.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.








