Вести
На граничниот премин Прешево заглавени камиони во километарска колона
Граничниот премин Прешево на српско-македонска граница не работи од утринава од 4 30 минути. Од граничната полиција во Србија велат дека поради пад на компјутерскиот систем не се во можност да ги пуштаат камионите да излегуваат од Србија. Се пропуштаат со потешкотии но се работи на случајот, информираат од српската страна .
Колона на камиони е регистрирана и на македонската страна каде околу 300 камиони чекаат да излезат од Македонија на граничниот премин Табановце. Од граничната полиција на Табановце велат дека се е во ред и дека камионите се пропуштаат прописно.









