Вести
Деца си играле возачи па го прегазиле татко си со камион
Две малолетни деца од пет и осум години во игра стартувале камион марка Там, а татко им во обид да го сопре камионот бил прегазен.
Настанот се случил во населба Карпош во Куманово, во саботата во 15 часот и 45 минути . Децата додека се играле во дворот влегле во камионот и го стартувале. Кога ги слушнал татко им се обидел да ги отвори вратите на камионот и да го запре но бил прегазен од задните тркала на товарното возило во пределот на карлицата. Камионот со децата продолжил да се движи по што удрил во бандера и застанал.
Децата се добро , за среќа поминале без повреда, информираат извори од полицијата. Татко им со возило на итна медицинска помош бил донесен во кумановската болница но поради сериозноста на повредата е однесен во ургентен центар во Скопје и е надвор од животна опасност.
Немилиот настан е пријавен во полицијата која извршила увид .








