Вести

Димитриевски од денеска официјално нов градоначалник на Куманово -фото-

Максим Димитриевски  од денеска и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Куманово од неговиот претходник Зоран Дамјановски откако претседателот на  Општинската изборна комисија  Звонимир Николовски му го врачи  уверението.
dimitrievski 2
 Димитриевски се заблагодари на сите за довербата, тој изјави  дека очекува со реализација на планираните проекти, Куманово да добие урбан лик.
– Во иднина, сите изборни циклуси да се одвиваат како овој последниот што наликуваше на скандинавски тип на изборен процес и да поскам успех на сите избрани колеги советници во советот на општина Куманово, со желба да го реализираме она со кое што излеговме пред граѓаните во рамките на нашите политички програми и агенди, што ги ветивме во делот на очекувања кои што ги имаат граѓаните“-рече Димитреивски.
Дамјановски изрази надеж дека Димитриевски успешно ќе ја води Општината.
dimitrievski 3
– Тој е успешен политичар, а сега има и добра Влада која првпат по 11 години е наклонета кон Општина Куманово и проектите што ги работиме му остануваат нему, а се во фаза на изградба. Се надевам дека 2018 година ќе биде многу продуктивна и дека Куманово ќе биде многу подруг град во однос на овие искушенија кои ги имаше во изминатиот период, рече Дамјановски и се заблагодари на граѓаните за трите мандати, потсетувајќи дека работел во период на, како што рече, искушенија и предизвици.  
 dimitrievski 4
Димитриевски денеска оствари средба и со противкандидатите на локалните избори: Башким Османи од Алијанса на Албанците, Дритон Сулејмани од Движење Беса и Бесник Мемети од ДПА,  кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски не дојде иако бил поканет на средбата.
Тројцата кандидати му честитаа за изборот и му посакаа успех на Димитриевски во натамошната работа и истакнаа дека се отворени за идни сугестии, предлози за подобар живот на граѓаните.

Radio Bum

October 20th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *