Вести
Радио Бум, најслушан медиум во Куманово и регионот
Последното истажување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со објавените податоци за досегот на слушаноста на радиостаниците и за вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на национално, регионално и локално ниво за третиот квартал од 2017 година покажува дека радио Бум е наслушан медиум во Куманово и пошироко во регионот.
Процентуално на дневно ниво радио Бум го слушаат 4,03 % од испитаниците,
а на неделно ниво 6,45% што претставува и најголема слушаност.
Според истражувањето , испитаниците слушале најмногу музичка програма , слушале утринска програма и вести.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги секоја година во секој квартал, врши испитување на слушаноста, а од 2014 година, откако започна со работа радио Бум ја има најголемата слушаност .










