Вести

Максим Димитриевски:СДСМ е победник на локалните избори

“Првите информации кои што стасаа во штабот се дека СДСМ, со своите Коалцииони партнери и со граѓаните на општина Куманово, денеска се избори за една голема историска победа во општина Куманово.Ја добивме апсолутната поддршка од сите граѓани и заедно со граѓаните ги надминавме сите стереотипи.Буквално сите граѓани се одлучија за проектот и за концептот за живот во Куманово и во Македонија.Воедно ја користам приликата да се заблагодарам на сограѓаните, излегоа денеска на избори и најдостонствено и на демoкортаски начин ја дадоа својата поддршка за живот во Куманово и воедно ми дадоа можност, чест и одговорност во следните четири години да го менаџирам нашиот град и ги увреувам дека она што беше дадено како ветување, она што беше ветено и презентирано во изборната програма ќе биде во целост реализирано во најбрз период.Тука пред се очекувам помош од Владата предводена од Зоран Заев и неговиот тим, истакна Максим Димитриевски.
„Согласно информациите кои јас ги имам, резултатот во однос на најдобро пласираниот кандидат е скоро два пати поголем и тој тренд се држи во скоро сите места. На некои места имаме потесен резултат, а на некои многу поубедлив, истиот сооднос е и за советничката листа.Не знаеме колку советници имаме тоа ќе го покаже донтовиот модел, но во следниот состав Коалцијата ќе го има мнозинството во советот.Се уште не се обработени гласачките места од помалите места,рече Димитриевски и додаде дека изборите поминале  најдемократски.
„Многу регуларно граѓаните гласаа имаше мала активност на политичките субјекти, но оние кои се задолжени за селедење на изборите се најкомпетенти да кажат како поминале„ – изјави Максим Димитриевски по затварањето на изборните места и по пребројување на првите резултати.

Radio Bum

October 15th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *