Вести
Зоран Ѓорѓиевски, Нека победи подобриот
Онака по кумановски, домаќински, одговорно, три генерации од семејството Ѓорѓиевски дојдоа да си ја исполнат својата граѓанска должност, да го дадат својот допринос во промената која треба да настапи во Куманово, ме радува тоа што кумановци покажаа една зрелост и свесност за тежината на овие избори, мирни избори, одговорни, се надевам дека целиот ден ќе помине така и на крај нека победи најдобриот, порача кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски .
Недела е ден на одмор, меѓутоа се надевам дека кумановци ќе бидат свесни за тежината на овие избори и во што поголем број ќе дојдат на избирачките места. Очекувам дека до 19 часот ќе биде масовно, мирно и одговорно, онака како што доликува на сите кумановци, изјави Ѓорѓиевски.








