Вести

Народен правобранител: Телефонски линии за повреда на избирачкото право

 

Канцелариите на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип денеска, на денот на одржување на првиот круг од Локалните избори 2017, ќе бидат отворени за граѓаните од 7 до 19 часот, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефонскиот  број во Канцеларијата во Куманово на 031 431-488.

Народниот правобранител Иџет Мемети во соопштението до медиумите ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество.

Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права.

Radio Bum

October 15th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *