Вести

Во 7 часот започна гласањето на шестите по ред локални избори во Куманово

Сите 167 избирачки места на територијата на Општина Куманово утринава точно во 7 часот се отворени и гласањето се одвива без никакви проблеми, информира Ѕвонко Николовски од ОИК Куманово.
Точно во 7 часот се отворени избирачките места, гласачкиот материјал кој остана од вчерашното гласање е преземен и дистрибуиран до гласачките места, по што гласањето започна точно во предвиденото време. Засега гласачкиот процес се одвива без проблеми, изјави Николовски.
Право на глас во Општина Куманово имаат 92.639 гласачи.
Навреме се отворени и избирачките места во Општина Старо Нагоричане, информираше претседателот на Општинска изборна Комисија, Драган Јовановски.
Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.428 жители, а гласањето ќе се врши на 37 избирачки места.
Се обидовме да добиеме информација дали избирачкиот процес е започнат во предвиденото време во Општина Липково, но претседател на општинската комисија во Липково, откако се претставивме ни рече дека е во гужва и одби  да  даде информација.

Radio Bum

October 15th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *