Вести

Промовирана книгата „Вез једне младости„ на Теодора Цветковиќ

Промовирана книгата „Вез једне младости„ на Теодора Цветковиќ

„Вез једне младости“  е роман на младата и талентирана авторка Теодора Цветковиќ . Авторката , 20 годишна студентка на Филолошкиот факултет во Скопје како  член на културно уметничкото друштво „Српски вез“ книгата ја подготвува околу четири години , а во неа пишува за љубов и за традицијата и обичаите на Србите.  Инсипирацијата ја црпе од патувањата и настапите на самите членови на „Српски вез“ .

4 vez

– За овој роман добив идеја случајно.   Отсекогаш сум сакала што сум дел од Српски вез , тие ме поттикнаа да пишувам за нив, секогаш кога завршуваа пробите јас пишував нешто убаво за нив, она што ќе ми останеше во најубаво сеќавање и потоа сето тоа го преточив во роман. Во романот станува збор за една  љубовна приказна-  девојче се заљубува во момче кое што игра во Српски вез па се раѓа љубов , тоа е од една страна, а од друга страна јас го опишувам семејството, традицијата, обичаите на Србите, народни носии, опишав се во книгата што многу сакам, изјави Теодора Цветковиќ, автор на книгата.

vez 2

Претседателот на културно- уметничкото друштво,  Далибор Китановиќ вели дека граѓаните на Куманово се доста информирани за фолклорот,  традицијата  и народните носии на српскиот народ.

-Ова книга е скоро 4 години пишувана, била инспирирана од културно уметничкото друштво Српски вез, се спомнува првиот претседател на друштвото Горан Стојковиќ, потоа јас,  во книгата има доста љубов, истата е весела и тажба и инспиративна во исто време. Книгата е дел од еден голем проект на друштвото „Чувари на културното наследство – Млади и традиција во функција на зачувување на културата и фолклорот во РМ во Куманово“ , поддржан од Управата  за соработка со дијаспората и Србите во регионот и финансиски помогна да се реализира печатењето  и промоцијата .  Во рамките на проектот до Нова година ќе имаме своја работилница и книжевна и драмска секција, изјави Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“.

1 srpski vez

-Пред нас е една книга на млад човек со сите младешки желби и идеи, –  изјави Гордана Јовиќ Стојковска, претседател на заедницата на србите во Македонија и промотор на книгата. Стојковска на маладата авторка и порача да продолжи по патот, а младите да останат чувари на српскиот јазик и култура.

По промоцијата беше проектиран и промовиран документарниот филм „Ви идите ја неќу“ на режисерот Хаџи-Александар Ѓуриќ, кој е заснован по книгата “Љетопис новог косовског распеќа“ на  Митрополитот Анфилохиј.

Radio Bum

October 11th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *