Вести

Дамјановски: Куманово со граѓаните заедно победи уште еднаш

Дамјановски: Куманово со граѓаните заедно победи уште еднаш

Борбата во Куманово не запира ,вели градоначалнкот на општина Куманово Зоран Дамјановски кој упати честитка по повод 11 Октомври, денот на Народно-ослободителна борба до сите граѓани на Куманово.

Со честитката градоначалникот ги информира и граѓаните дека по долгата институционална борба, Управниот суд ја укината блокадата која Управата за јавни приходи ја имаше изречено за Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ поради долг на ДДВ во период од 2002 до 2006 година.

„Со тоа, претходно дадениот хипотекарен залог за долгот, односно комерцијалниот објект на Затворениот градски базен наскоро би можел да се врати во граѓанска сопственост, а УЈП и јавното претпријатие, како што вели градоначалникот Зоран Дамјановски, треба да седнат и да изнајдат заедничко прифатливо решение за исплата на регуларниот долг„- вели Дамјановски.

– Во решението стои дека над 30 милиони се надминати вредности на блокада, односно решение за извршување. Ова решение ја поништува тоа претходно решение, со што позицијата се враќа на првобитна состојба каде управата и јавното претпријатие ќе пристапат на заедничко задоволство и разбирање да дојдеме до реална сума, корекција на тој долг и од тука натаму да влеземе во некој договор со кој ќе можеме регуларно да ги испраќаме тие рати. Со оваа решение најверојатно со понатамошна управна постапка, ако треба и со судски процес ќе дојдеме до тоа да биде поништен записот за комерцијалниот центар на затворениот базен како хипотекарен долг, со што се враќа она што им припаѓа на граѓаните – изјави Дамјановски.

Radio Bum

October 11th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *