Вести

Арисиќ: Македонците ја избраа страната на слободата

Арисиќ: Македонците ја избраа страната на слободата

Претседателот на советот на општина Куманово во името на советот на општина Куманово и во негово име упати честитка  по повод 11 Октомври.

– Ноќта спроти 11 октомври 1941 година е нераскинливо поврзана со слободата, со копнежот, со вистината, со правдата. Под 76 години знајни и незнајни борци со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Прилеп и Куманово ја почнаа Народно-ослободителната борба. Во тие тешки времиња Макеоднците ја одбраа страната на слободата, рамо до рамо, заедно со сите народи кои храбро му застанаа на патот на фашизмот, како најголема закана за човештвото. Македонскиот народ успеа да се избори за слободата, благодарение на храбрите херои, кои ги положија своите животи за Македонија. Денес после 76 години од почетокот на македонската борба за ослобоување од фашистичкиот окупатор, овој народ има со што да се гордее, благодарение на овие луѓе, денес можеме слободно и рамноправно да одиме по патот на европските и евроатлантските интеграции како врвен приоритет во развојот на македонската државност. По 76 години, денешните генерации со визија за слободна, демократска, економски стабилна земја, членка во евроатлантското семејство се пред испитит на исконскиот стремеж. Оваа визија денес е континуитет на надежта и вербата на паднатите борци, дека некои други борци по нив ќе го продолжат патото кон безгрижна иднина за Македонија и поколенијата што доаѓаат. 11 Октомври е ден на македонскта историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. На овој ден им одаваме почит на сите учесници во вооруженото, антифашистичко и народноослободително востание. Сакам да ја искористам оваа прилика уште еднаш на сите македонски граѓани да им го честитам Денот на народното востание. Нека ни е честит и вековит празникот „11 Октомври“, Денот на народното востание на Република Македонија, рече Арсиќ во честитката.

 

Radio Bum

October 11th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *