Вести

Од оџак се запали зградата на стара општина во Касапски круг

Запален оџак на ресторантот сместен во приземниот дел на зградата на стара општина во Касапски Круг, во центарот на Куманово е причината за избувнување на пожар.

POZAR 2

Според информациите на Дејан Илиевски командир на  Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот избувнал во 18 часот , а огинот од запалениот оџак се проширил на кровната конструкција на општината.

POZAR 4

Со две противпожарни возила огинот е локализиран и ставен под контрола. Пожарникарите велат дека еден од вработените во ресторантот  е повреден и хоспитализиран но засега нема информации со какви повреди е  . Со брза реакција сите вработени се евакуирани, изјави за Бум еден од пожарникарите.

POZAR 3

Некултурата на граѓаните е голема, наместо да помогнат да се евакуираат сите и да се ослободи местото на настанот, тие сакаат да сликаат , снимаат и   се паркираат тука, а со тоа директно ја отежнуваат работата на пожарникарите ,  изјави Моме Стефановски-Вшка,   волонтер кој помагаше и апелираше до возачите и граѓаните да се одалечат од месото.

Radio Bum

October 10th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *