Вести
Нема информации за разбојникот што ги ограби сопружниците во Шупли Камен
Преку апел до сите граѓани, сопружниците кои за викенд беа ограбени во нивната викенд куќа во Шупли Камен, си го бараат автомобилот „ Опел астра „.
Разбојникот кој според информациите на полицијата вооружен со пиштол во недела точно напладне влегол во дворот и најпрвин со селотејп му ги врзал рацете и нозете на сопственикот С.Т. по што ги ограбил им го земал автомобилот и избегал.
Апелираме до граѓаните доколку некој го забележи автомобилот да пријави во полиција- , замолуваат сопствениците.








