Вести
Сопружници на викендица во Шупли Камен ограбени под закана со пиштол
Вчера напладне во 12 часот во Шупли Камен-кумановско непознато лице под закана со пиштол ги ограбило сопружниците кои биле на викендица.
Според информациите на полицијата С.Т.(56) и неговата сопруга В.П.(58) од Куманово, биле во дворот од нивната викендица, дошло непознато лице кое со закана со пиштол го внел С.Т. во викендицата, по што му ги врзал рацете и нозете со самолеплива лента. Потоа, одзел паричник кој бил на масата и во кој имало 300 денари и лични документи, два мобилни телефони, а на крајот го одзел и нивното возило “Опел астра“ во кое имало паричник со околу 500 денари и лични документи по што го напуштил местото на настанот.
Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот








