Вести

Есенска дератизација во Куманово

Есенска дератизација во Куманово

Во наредните три дена ќе се спроведе есенската дератизација против глувци на подрачјето на општина Куманово, информираат надлежните од Секторот за инспекциски надзор.

Третманот ќе се изврши со поставување мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациска мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.

– Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат. Ако временските услови дозволат дератизацијата ќе трае три дена, изјави комуналниот редар Гордан Таневски.

Со дератизацијата, додаде, се очекува да бидат опфатени приближно 2.000 шахти.

Претходно дератизација беше извршена во април и мај.

 

Извор МИА

Radio Bum

September 19th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *