Вести

Сојузот на ромите излегува од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ

Општинската организација на Сојузот на Ромите излезе од Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, информираше денеска на прес конференција претседателот Ашмет Османовски.

Локалниот огранот на партијата си поднесе оставка, поради несогласувања околу листата советници на коалицијата за претстојните избори. Како што вели Османовски, централното раководство не ги консултирало за кандидатот, кој тие не го поддржуваат.

„Општинскиот огранок на Сојузот на Роми од денес па не знаеме до кога, нема да функционира во Општина Куманово, затоа што целото претседателство си поднесе оставка. Воедно ги известуваме граѓаните и другите политички субјекти во Општина Куманово дека на овие избори тимот, односно оваа претседателство нема да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, како што беше до сега. Причината е тоа што централносто претседателство заедно со нашиот досегашен лидер Амди Бајрам и поранешниот заменик минситер Ибрахим Ибрахими без никакви консултации и контакти со нас делегираат човек на листата со коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ кого оваа претседателство не може да го поддржи и никаква поддршка не може да му даде на овие избори“ – изјави Османовски.

Radio Bum

September 14th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *