Вести
Добредојде бебе промовиран во Куманово- фото-
Сите новороденчиња од денеска на акушерското одделение во Куманово ќе можат веднаш да си добијат извод од матична книга на родени. Потребната документација на родителите е само лична карта и да си имаат име за новороденчето.
Со денот на испис мајката со бебето ќе си го имаат изводот за новороденчиња, вели заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски кој денеска го промовираше проектот во Куманово.
Според изјавата на Чакаровски откако стапи на сила одлуката извод добиле 91 новороденче. Проектот продолжува, а стручни тимови од управата за електронско здравство досега ги посетиле сите 17 родилишта во Македонија каде се направени обуки и тренизи со вработените.