Вести
Се запалил во возило во движење
Кумановец, додека управувал патничко моторно возило се запалил .
Засега причините за избувнување на пожарот се непознати . Од полицијата информираат дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во близина на бензинска пумпа „Дет-Оил“ во населба Доброшане, Д.Ѓ. (40) од населба Вера Которка од Куманово додека управувал патничко возило „Рено Клио“ со кумановски регистарски ознаки, од непознати причини избувнал пожар во внатрешноста на возилото. Пожарот го зафатил и возачот, кој не успеал да го сопре возилото и се здобил со изгореници од втор степен.
Д.Ѓ. бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Ургентен центар Скопје.








