Вести
Жаклина Јовановска од СДСМ , кандидат за градоначалник во Општина Старо Нагоричане
Познат е и првиот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, дознава Бум од извори во партијата .
Официјално името на Жаклина Јовановска да биде кандидат е соопштено на синоќешната партиска седница на Централниот Одбор на СДСМ. За оваа позиција имаше повеќе заинтересирани кандидати од СДСМ, но и од новата српска странка во Македонија. Централата по анкетите одлучила зад кандидатурата за градоначалник на општина Старо Нагоричане да застане Јовановска.
Јовановска е вработена во јавното претпријатие Чистота и Зеленило во Куманово.
Таа на својот фејзбук профил се заблагодари на сите во партијата кои и ја дале довербата.
“ Почитувани, сакам да искажам огромна благодарност до мојата матична партија СДСМ поради укажаната доверба да бидам кандидат за градоначалник во општина Старо Нагоричане на претстојните локални избори.
Честа и задоволството е огромно, убедена сум дека ќе ја оправдам довербата и ке оствариме победа, а општината Старо Нагоричане ќе биде поубаво место за живеење” – напиша Јовановска денеска на нејзиниот фејзбук профил.








