Вести

Пионерски дом  во Куманово ке се адаптира во градинка

Пионерски дом во Куманово ке се адаптира во градинка

Напуштениот  „Пионерски дом„  во Куманово ќе се реконструира и адаптира во детска градинка. Оваа одлука е донесена од надлежните владини институции откако капацитетот на кумановските градинки со години наназад е надминат и тоа над 100 проценти .

500 деца чекаат да се запишат во градинка но место нема.

Во шест објекти на Детската градинка Ангел Шајче во Куманово проектираниот капацитет е за 884 деца, а секоја  учебната година се завршува со илјада и 700 деца.

За проблемот кој е алармантен се бараше помош од сите но претходната власт само вети, а градоначалникот кажа дека без помош на државата неможат сами да го решат проблемот. Секоја година директорката на детската градинка во Куманово , Марина Алексовска од советот на општината бара согласност за запишување на деца и покрај надминатиот капацитет.

Утре , според најавата на портпаролот на Општина Куманово , Бисера Благојевиќ, министерката за труд и социјала Мила Царевска , нејзиниот заменик Елми Азири во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски  ќе ги започнат работите за реконструкција и адаптација на објектот.

Radio Bum

August 3rd, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *