Вести

Дамјановски: Секоја генерација на македонци има своја борба

Празникот,  2 август, Илинден и  Денот на Републиката е ден кога ги славиме и се  потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија,кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

“Благодарение на двата Илиндена, 1903 и 1944, кои се светилникот на нашата борба за сопствена држава, денес имаме можност да живееме во демократска и независна Република Македонија. Илинден прераснува во синоним на нашето постоење, и денес 114 години после Илинденското востание и 73 години по првото заседание на АСНОМ , можеме да кажеме дека секоја генерација македонци има своја борба. Нашата борба е  да продолжиме посветено да работиме, секој во рамките на своите можности,со што сите заедно ќе да допринесеме во изградбата на една уште помодерна и просперитетна општина Куманово”- се вели во честитката упатена по повод големиот национален празник 2 август, Илинден и  Денот на Републиката од градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски и советот на локалната самоуправа  до сите граѓани на Куманово.

Radio Bum

August 1st, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *