Вести
Арсиќ: Обединети на Илинден ќе ги надминеме предизивиците пред кои е исправена современа Македонија
“Пред нас е нова и постојана борба, борба за напредна, современа и достоинствена македонска држава, рамо до рамо со сите европски држави. Со оваа битка ќе биде потврдена вековната определба за еднаквост и рамноправност на сите народи кои живеат на овие простори, на заедничка борба за создавање на самостојна и суверена држава, но и битка за членство во Европската унија и НАТО алијансата”– истакна претседателот на советот на општина Куманово, Александар Арсиќ упатувајќи празнична честитка по повод Денот на републиката , 2 август.
“Обединети и со надеж дека повторно ќе успееме да се насочиме кон надминувањето на предизвиците пред кои е исправена современа Македонија, враќање на основните демократски придобивки и праведно општество на слободни, економски стабилни и среќни граѓани кои можат и знаат да споделуваат заеднички вредноси за подобра и просперитетна иднина”- реча Арсиќ.
“Овој 2 Август се навршуваат 114 години од Илинденското востание и 73 години од првото заседание на АСНОМ. На 2 Август почнувајќи со Крушевскиот манифест се разбранија вековно втлеените стремежи на македонскиот народ за извојување на слобода, самобитна и самостојна македонска држава. Преку првото заседание на АСНОМ кое беше резултат на долгогодишна борба на македонскиот народ за национална слобода и создавање на своја држава, започна реализацијата на државотворната идеја носена со векови”- вели претседарелот на советот на општина Куманово Александар Арсиќ , кој на сите граѓани им го честита 2 август , Илинден и Денот на републиката.








