Вести
Царовска : Без законски основ се одбиени социјалците кои примиле пари по брз трансфер
Нема законски основ за да бидат одбиени од социјална помош примателите кои по основ на брз трансвер во 2015 година имале примено над 50 000 денари, изјави министерот за труд и социјални работи Мила Царовска денеска во Куманово и им порача на 204 те кумановци, одбиени социјалци, повторно да аплицираат за социјалната помош.
”Ние како министерство ја подигнавме административната рампа која е потребна за да можат да влезат повторно во системот бидејќи парите примени по брз трансфер не се приходи за ниту едно семејство, тие не се даночат во Управата за јавни приходи”- , вели Царовска.
Бројката на граѓаните кои биле одбиени по овој основ во Македонија е 910 , а во Куманово бројката е најголема дури 204 , кои сега ќе можат повторно да аплицираат за социјална помош.









