Вести
Потпишан меморандум за изградба на регионална депонија
Ако се изгради регионална депонија може да се покачи цената на ѓубре, предупреди Дамјановски кој го потпиша меморандумот за реализирање на ИПАР 2 проектот за регионално регулирање на цврст отпад со министерот за животна средина Садула Дураку.
Советите на Општина Куманово,Старо Нагоричане, Липково, Кратово, Ранковце и Крива Паланка ќе треба да дадат согласност за потпишување на договорот за изградба на регионален систем за управување со цврст отпад во североисточен регион кој ќе се реализира преку локалните самоуправи и министерство за животна средина , а е од ИПАР 2 проектот за регионално регулирање на цврст отпад.
„Нема да го потпишам договорот се додека не се договориме со граѓаните , бидејќи овој проект ќе наложи и покачување на сметките за ѓубре„ – вели градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, кој ги предупреди градоначалниците од североисточниот регион за последиците од проектот. 
Подржан од од своите колеги Дамјановски потенцираше дека сега го потпишуваат меморандумот , а последниот збор ќе го имаат граѓаните и советот на општина Куманово.
Проектите опфаќаат набавака на опрема транспорт на отпад во североисточниот регион, затворање на непрописните диви депонии, ѓубришта во регионот, изградба на централна депонија во источниот и североисточниот регион.
„Активностите ќе придонесат за подобрување на стандардите со управување со отпадот во североисточниот регион, решавање на проблемите со несоодветното одлагање на отапдот на општинските и основните диви депонии кои треба итно да се затворат или технички да се надградат до стандардите утврдени со закон„ – изјави Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање.
Како што потенцираше Дамјановски неимплементирањето на договорот може да носи и буџетски последици за општините, па затоа ќе се пристапи внимателно и првин ќе се разговара со граѓаните и невладините организации. Со проектот ќе бидат донирани контејнери и возила со кои ќе може да се собира отпадот на начин кој ги задоволува стандардите за заштита на животната средина и пред се здравјето на луѓето.
Проектот ќе чини триесетина милиони евра.









