Вести

Времето денеска сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност, која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи.

Во Куманово, попладне е можен краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурите ќе се движат  до 39 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време.  Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст, при што и в среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-от степен. Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност  со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува в среда кон четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5  до 7 степени. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на  викенд кога ќе има локална  нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Radio Bum

July 11th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *