Вести

Затворен 7от традиционален младински ликовен камп АСНОМ

Првиот младински ликовен камп насловен како АСНОМ се оддржал во 2011 година. Од тогаш, веќе 7 години по ред младите основци од сите училишта од Куманово под менторство на нивните професори четири дена традиционално вредно творат на кампот.

Организаторите велат дека одзивот за кампот од година во година е се поголем. Првата година се почнало со 15 учесници а сега има дури над 40 ученици од основно образование кои својот голем талент сакаат да го покажат на овој камп. Заедно со учениците од основните училишта на ликовниот камп веќе 4та година творат и учесници, лица со посебни потреби од “Порака наша” и од дневниот центар.

На кампот  четири дена се твореше во неколку ликовни дисциплини сликање,дизајн,скулптура и графика, а како што ни кажаа младите уметници најголемо задоволство им причинило тоа што им била дадена слободна тема за творење и можеле многу лесно и искрено да го изразат сето она што сакаат.

Сите дела кои се направени тука ќе бидат изложени на 3 биенални изложби и ќе бидат донирани на центарот “Порака наша” и ќе останат во нивна трајна сопственост.

Општината и оваа година традиционално го поддржува младинскиот ликовен камп. А фондацијата за спорт и култура стои како организатор со средства во износ од 80 илјади денари по програма на советот на градот и на фондацијата.

 

Radio Bum

June 22nd, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *