Вести
Почина Ѓоша познатиот српски актер и комичар
На 49 – годишна возраст српски актер и комичар, Богољуб Митиќ Ѓоша, утрово ненадејно почина.
Веста за смртта на актерот ја потврди, Станислав Грујиќ, директор на театарот во Лесковац, кој изјави дека Митиќ починал како последица на срцев удар.
Ѓоша ќе го паметиме по многу познати телевизиски серии меѓу кои „ Породично благо”, „ Сељаци”, „ А сад адио ” .
Актерот зад себе остави сопруга и две ќерки.








