Вести
Водителот на БИ-БИ-СИ четири минути без тон во етер
Четири минути, необични му требаа да преживее Хју Едвардс – водителот на вечерната новинска емисија на телевизија Би-Би-Си.
За гледачите овие минути се покажаа доста забавни. Веднаш по почетокот на информациската програма Едвардс едноставно замолче. Како што подоцна објасни пресслужбата на Би-Би-Си, имало проблем со звукот.
Додека зад сцената експертите се обидуваа да го отстранат проблемот, Едвардс се обидуваше да изгледа мирен. Но така тој издржа само минута, потоа започна да ги менува позите, да чука со прстите по масата, да ги наведува веѓите и да бара нешто на компјутерот. На крајот нервите на Едвардс не издржаа и тој почна да пишува нешто, водителот не успеа да ја задржи рамнотежата се додека инженерите и сите останати не го вратија тонот во етерот. На петтата минута звукот се појави, Едвардс се извини за техничките проблеми и започна програмата.
[wpdevart_youtube]I_XPqWhY0VA[/wpdevart_youtube]








