Вести

Во транзитниот центар Табановце 18 бегалци заглавени две години

На светскиот ден на мигрантите, 20 јуни ,  во транзитниот центар во Табановце има 30 бегалци од кои 18  се тука од почетокот на бегалската криза, информира Јадранка Стаменковска , раководител на одделението за епидемиолошка служба при Центарот за јавно здравје. Според Стаменковска тие од 2015 година секојдневно превземале мерки за заштита на здравјето на бегалците .

doktorka jadranka 1

„Ние како служба два пати дневно го посетувавме центарот, два пати дневно вршевме дезинфекција на кампот каде скојдневно имаше по 1500 мигранти. Превзедовме мерки за заштита на здравјето и не дозволивме да се прошират заразните болести надвор од кампот”- , вели Стаменковска.

Труење со храна, варичела и шуга регистрирале од Центарот за јавно здравје во транзитниот центар во Табановце.  Во извештајот е наведено дека 604 деца биле вакцинирани со полио вакцини, а сега кога бројката е минимална еднаш неделно се посетува кампот од страна на центарот . Се земаат мостри и се врши дезинфекција на целиот простор , информира докторка Јадранка Стаменковска .

Radio Bum

June 20th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *