Вести
Спасовски на министерска конференција во Будимпешта
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе се обрати на конференцијата на министри за внатрешни работи во рамки на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, каде присуствува на конференција посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западнобалканската рута.
Како што соопшти МВР, Спасовски треба да оствари и неколку билатерални средби. Министерот Спасовски оствари средба со Андреј Шпенга, државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија, со кого разговарале за актуелните случувања во врска со нелегалната миграција и ризиците од евентуални нови бранови мигранти.
Двајцата разговарале и за реформата на безбедносните служби и полицијата во Република Македонија, која ќе води кон декриминализација и професионализација на МВР.
Шпенга потенцирал дека Република Словенија останува силен поддржувач на Република Македонија за членство во Европската унија и НАТО.








