Вести
Спасовски: Еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски , преку социјалните мрежи најави потпишување на договор за донација од Владата на Република Чешка во висина од над еден милион евра за потребите на оделот гранична безбедност и азил при МВР.
Според најавата на министерот Спасовски договорот ќе го потпишат со амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија Мирослав Рамеш.








