Вести
Луксузниот мерцедес на МВР презентиран пред јавноста
Само пневматиците на лусузниот„мерцедес „ му чинат 20 000 евра, поминал 57 000 километри, а најчеста релација му била до Пробиштип.
Црн луксузен мерцедес е прекриен со прав, а на него има видливи траги на шепи од мачки.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денес го покажа на јавноста службеното возило марка „Мерцедес“, набавено во вредност од 580 илјади евра, кое се споменуваше во „бомбите“ на СДСМ, во разговор меѓу тогашната министерка Гордана Јанкуловска и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.
Според изјавата на Министерот Спасовски , луксузниот „мерцедес“ има поминато 57 илјади километри, а најчеста релација му била до Пробиштип.
Спасовски посочува дека гумите треба да се менуваат на 15 илјади километри, а бидејќи тие се отпорни на огнено оружје, четири гуми за ова возило чинат над 20.000 евра.
во вредност на луксузниот „мерцедес„ МВР ќе можело да набави 25 возила „Шкода јети“ кои ги користи полицијата.
„ Зборот е збор„- изјави Спасовски. Јавноста треба да види како се луксузирала претходната гарнитура, колку и како е оштетено, а пак, според Заев, ова возило ќе се користи за пречек на странски делегации кои ќе ја посетуваат земјава.
Премиерот Зоран Заев, објави дека возилото марка „мерцедес“ кое било набавено за 580 илјади евра е оштетено во надворешноста, но и внатрешноста.
„Мерцедесот“, според прислушкуваните разговори бил наменет и користен за екс-премиерот Груевски.









