Вести
Агенција за медиуми- Радио Бум најслушан медиум во првиот квартал од 2017
За 2015 и 2016 радио Бум е најслушан медиум во Куманово и регионот, во првиот квартал од 2017 повторно Бум е најслушан медиум.
Според објавените резултати на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, радио Бум во првиот квартал од 2017 година е најслушан медиум.
Во Куманово врз основа на дистрибуцијата на населението во радиодифузните региони биле анкетирани 123 граѓани, од кои на дневно ниво радио Бум слушале 4,03 , а на неделно ниво 7,26 проценти.
Возрасната граница на анкетираните била од 18 до 70 години, според полот 49,6 % биле од женски , а 50,4 % машки пол.
Според националната структура биле анкетирани 64,2 % Македонци, 25,2 Албанци , 1,7 Срби , 3,0 Роми, 2,9 Турци.
Радио Бум во 2015 и 2016 година според извештаите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги е најслушан медиум во Куманово и регионот.











