Вести
Владимир Пивоваров: Нема основа за прогласување на вонредна состојба во Македонија
Во Македонија нема политичка криза, кога криминал има основа за криза тоа е криминална криза, иницирана од криминалци. А такви лица се спремни на секакви сценарија- вели професор Владимир Пивоваров, поранешен прв човек на воено разузнавање и контраразузнавање. Тој вели дека претседaтелот нема основа да прогласи вонредна ситуација во државата.
За да има вонредна ситуација според Пивоваров , потребно е остварување на предуслови според уставот, виша сила или кога собранието поради воени услови неможе да се состане па ингеренциите на институциите преоѓаат на претседателот.
Сега е можно се , ниту на сон што не очекувавме, се случи во Македонија, -вели Пивоваров.
Се можеме да очекуваме , а безбедносната состојба во моментот е како запален фитил и сите сценарија се можни. Изјавите на политичарите се недолични, а претседателот се однесува како државата е негова лична сопственост.
Најлошо во моментот е што почнаа да играат на теренот на национализмот– вели Пивоваров и додава дека според анализа на политичарите кои долги години владеат , секогаш кога ќе треба да се реши битно прашање околу криминалот или финансии се прави сценарио на конфликти. А така размислувале мафиите во 20 тиот век.
Нашите политичари , вели Пивоваров , мислат дека светот се врти околу Македонија, а не дека ние сме составен дел од светот.
Народот, ако се прашува никој не е за конфликт, но не се исклучува никакво сценарио, Балканот е полн со платеници , кучиња на војната и можно е да се иницира од некаква криминална група која ќе има бенефит од тоа, што е непосакувано сценарио, вели професорот Владимир Пивоваров.








