Вести
Актерот Илија Илиоски стана кумановски зет
Илија Илиоски, познатиот актер од „Театар Kомедија” – Скопје, стана кумановски зет.
Тој судбоносното „ДА” го кажа заедно со Катерина Ангеловска сега Илиоска од Куманово. Катерина, избраничката на Илија е продуцент во Канал 5 телевизија, каде се запознале и ја започнале нивната љубовна приказна.
Пред бога на вечна љубов се заколнаа во Марков манастир.
Свадбената забава продолжи во „Паб Комедија„ каде заедно со колегите од телевизија Канал 5 и актерите , роднините и пријателите со бендот „Ние другарите од Битола” се забавуваа до утринските часови.
Да беше ерген ќе му честитавме на Роберт Јанков , водител во Канал 5 телевизија кој го фати бидермаерот.
Честитки до младите за среќен брак и многу дечиња.