Вести

Вработените во Чистота не сакаат да работат се додека не ги добијат платите

Вработените во Чистота не сакаат да работат се додека не ги добијат платите

Не штрајкуваат , така велат вработените во Чистота и зеленило , но не сакаат ниту да работат.

cistota 1cistota 2

Денеска тие останаа пред депото на Чистота , а камионите паркирани.Контејнерите полни, а ѓубрето насекаде низ градот.

cistota 4

 

На прашање на Бум зошто не работат, велат дека се на пауза , но паркираните камиони и полните контејнери ги негираа вработените.

Не сакаат да зборуваат јавно, но велат дека нема да работат се додека не добијат плата, која според нив им доцни два месеци.

Сметката на јавното претпријатие Чистота и зеленило останува блокирана за стариот долг за неплатено ДДВ за што советот на последната седница донесе одлука да се даде под залог имот на претпријатието и на општината кое не е од јавен интерес за да биде гаранција за деблокирање на сметката.  Сега  како што велат од менаџерскиот тим , треба да се направат измени во документацијата .

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски побара итна седница на Советот на општина Куманово,  на која советот треба да ја измени одлуката за давање под закуп имот кој не е од јавен интерес како гаранција  за исплата на долгот на Чистота и Зеленило  од Министерството за финансии.

cistota 3

Дамјановски  упати и апел до вработените да издржат и да се вратат на работа, а веднаш штом ќе добијат нотарска гаранција ќе ја деблокираат сметката и ќе им пуштат плата.

Револт има кај вработените , но имаме цврсто ветување  од УЈП дека со завршување на одлуката на советот ќе се деблокира сметката и веднаш ќе им исплатиме плата на вработените, вели Дамјановски.

Советот треба да донесе   одлука за изменување на одлуката за залог,  бидејќи како што информира градоначалникот  добиле известување од министерството за финансии дека тие  не се надлежни за давање согласност за залог.

Советот според градоначалникот треба да донесе и одлука за објектот на салата за  парастас кој е во сопственост на  чистота да го оделат имотот на салата  од парцелата и целокупниот имот на Чистота.

Едногласно, по координацијата со советничките групи одлучено е утре да се одржи  вонредна седница на која советот треба да даде согласност за измена на документацијата со што ќе биде комплетирана и истата предадена за  деблокирање на сметката, изјави преседателот на советот на општина Куманово Александар Арсиќ.

Тој посочи дека Чистота ќе си го намири долгот кон УЈП на 36 рати , а советот треба да му овозможи и да ги тргнат сите препреки, за да нормално функционира оваа претпријатие.

Radio Bum

April 11th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *