Вести

Дамјановски: Куманово е пред еколошка катастрофа, а граѓаните од централната власт  со третман како да се талибанци

Дамјановски: Куманово е пред еколошка катастрофа, а граѓаните од централната власт со третман како да се талибанци

“Граѓаните се најсвети и затоа донесовме одлука да дадеме залог за да Куманово не доживее еколошка катастрофа”-,  вели градоначалникот на општина Куманово , Зоран Дамјановски, кој заедно со мнозинството на советот на Општина Куманово одлучија да дадат под залог имот кој не е од јавен интерес  на УЈП за да добијат гаранција  дека ќе им се одблокира сметката на јавното претпријатије  Чистота и зеленило за  долг од пред 15 години во износ од 64 милони денари, за кој локалната власт вели дека е нереален долг.

“ Сметката на Чистота е блокирана од УЈП , а со тоа се доведува граѓаните на куманово да доживеат еколошка катастрофа. Државата е најголем лихвар, со 200 посто камата на долг и  оваа е смислено сценарио за финансиски терор над Куманово”-, вели градоначалникот Дамјановски и додава дека   за власта  граѓаните на Куманово се талибанци.

“Нема средства за плата, нема здравствено осигурување , а немаме повеќе ниту средства за нафта и за сите потребни ресурси за работа”-, вели директорот Сашо Петрушевски.

Petrusevski 1

“Оваа е голема неправда нанесена на Чистота. Од УЈП ни ветија, имаме и решение за репрограмирање на долгот  но од нивна страна ништо не се почитува, а ние ќе одиме до крај неправдата да се исправи бидејќи неможе за долго од 49 милони да платиме 90”- вели Перушевски.

Советниците од  Вмро Дпмне и коалицијата кои се опозицијата во советот, не сакаа да учествуваат во расправата за давање под залог имот на општина Куманово. Прво побараа да добијат писмена информација за состојбата и одложување на точката на седницата по што ја напуштија седницата со образложување дека не е итно да се брза со ваква одлука.

Petkovski 1

„Не ставаат пред свршен чин да го дадеме имотот на граѓаните како залог за некој неисплатен долг на јавно претпријатие. Ние како советничка група не се чувствуваме компетентни и не сме добиле мандат од граѓаните да го даваме нивниот имот под залог. Затоа не сакаме да учествуваме во одлуката за задолжување на имотот”, – изјави координаторот на советничката група на Вмро Дпмне, Драган Петковски.

 

Советот без опозиција ја изгласаа одлуката дел од затворениот базен кој не е во јавен интерес и зградата за парастас  да се даде во залог на УЈП за деблокирање на сметката. Целосната документација за залог според информациите на директорот Сашо Петрушевски ќе биде предадена денеска, за да може да продолжат нормално да функционираат.

 

 

Radio Bum

April 7th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *