Вести
Пред бистата на паднатите пилоти се поклони Српската заедница во Македонија – фото
„Европа чудна и самоубиствена и денеска има нешто против Србите и православните, таа самата си прави самоубиствени потези , а сите оние кои ја подржувале фашистичката ергила денеска ги уживаат сите права. Тоа што ни се случува треба да ни биде поука да биднеме и да се држиме секогаш заедно„- , рече претседателот на српската заедница во Македонија , Гордана Јовиќ Стојковска на одбележување на денот на паднатите пилоти во Куманово и денот кога била бомбардирана Југославија .
Пилотите во историјата на српскиот народ се познати и како камикази бидејќи иако знаеле дека се немоќни и без оружје сепак тргнале во борба против непријателот, рече Стојковска.
Да ги паметиме и да тежнееме кон мирот , да го чуваме тоа што ни го обезбедија паднатите пилоти од 36 та воздухопловна бригада на кралството на Југославија, оваа денеска го порачаа претставниците на Српската амбасада во Македонија кои се поклонија пред бистата на паднатите пилоти во Куманово.
Конзулот на амбасада на Србија во Македонија Љиљана Танасиевиќ , рече дека имаат обврска да се сеќаваат на паднатите пилоти и во сеќавањата да го чуваат и негуваат минатото.








