Вести

Соња Тодоровска, нова директорка во кумановска гимназија

Соња Тодоровска, нова директорка во кумановска гимназија

На барање на досегашниот директор на кумановската гимназија , Горан Димитриевиќ кој од морални причини поднел неотповиклива оставка , градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски назначи нов в.д. директор, Соња Тодоровска, професорка по македонски јазик која  досега  беше  заменик директор.

“Како наставник и помошник директор ќе го вложам сето мое знаење да  продолжиме како најдобра гимназија”- изјави Тодоровска .

Градоначалникот рече дека резултатите за Димитриевиќ од истарагата сеуште не се пристигнати, самиот од морални причини си дал оставка, а наставничкиот колегиум едногласно го подржале да остане на челното место во гимназијата Гоце Делчев.

Оставката на Димитриевиќ следува по објавување на фотографии со експлицитни содржини по што на социјалните мрежи  беше објавена и снимка.

Димитриевиќ тогаш изјави дека фотографиите се монтирани и дека бил уценуван за пари. Случајот тој го пријавил во полиција но сеуште нема разрешница.

 

 

Radio Bum

April 4th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *