Вести
Големи пожари ја пустошат планината во липковско-карадачкиот регион во Куманово
Два големи пожари во липковскиот планински регион од вчера се активни и се шират низ планината. Ветерот е причината што со голема брзина се шират, а пожарникарите поради непристапниот терен тешко се справуваат со огнената стихија која според информациите на регионалниот центар за управување со кризи зафатила 50 хектари сува трева и деградирана шума.
Првиот пожар, избувнал на територијата на Република Косово на потегот кон селото Белановце и се проширил на територијата на Република Македонија, информираат од центарот за управување со кризи. „Шумското стопанство“ формирало екипа од 37 вработени кои со теренски возила се упатиле на местото на настанот, но поради непристаниот терен гаснењето се одвивало отежнато.
Поради намалена видливост екипите биле повлечени, а продолжиле рано утринава.
Голем пожар има и во село Отља кај месноста „Три Камена„ на потегот кон село Стрима. И таму, поради лошата конфигурација и непристапноста на теренот тешко се интервенира на огнот, кој се шири со ветерот.








