Вести

Пукна цевка на главен вод за вода во Проевце – фото + видео

Пукна цевка на главен вод за вода во Проевце – фото + видео

Неколку куќи се поплавени , а два автомобили се оштетени откако главната цевка за дотур на вода за висока зона пукнала во населбата Проевце во Куманово.

Револтираните жители велат дека проблемот не е од сега тие се плашат за нивната безбедност велат дека утрово водата направила гејзер од два метри каде е предизвикана голема штета на околните куќи дворни места и два автомобили.

Аце Петковски , претседателот на месна заедница Проевце вели дека сите се едногласни и дека нема да дозволат да се крпи цевката за дотур на вода за високите зони , се додека не се замени цевката со нова .

,,Во мојата куќа има многу вода, но голема среќа е што бевме дома” – вели Бранко Максимовски .

,,Силен звук не исплаши утрово, водата за среќа не влезе во домот” – , вели една домаќинка чии двор е целосно поплавен.

,,Овој вод носи вода за високата зона од бунарите во Проевце, изграден е во период кога имавме проблеми со водоснабдување и тогашното раководство на град Куманово реши да се направат алтернативи за да нема проблеми со водоснабдување, значи ЈП „Водовод“ нема никакви ингеренции во изведување, само го одржуваме овој вод. За жал нон-стоп имаме дефекти и поради тоа во програма  за работа за 2017 година беше ставена замена на ова полиетиленска цевка која апсолутно не одговара за ваков тип на притисок кој го имаме таму со нова челична цевка” – вели директорот на Јавното претпријатие „Водовод“, Горан Стојковски .

Тој вели дека изведувач на градежните работи во 2005 година бил Градежен институт Македонија А.Д. Скопје, а подизветувач на градежни работи Алфа Инжинеринг Радовиш, на машинскиот дел Турбо Инжинеринг Скопје, а ЈП „Водовод“ нема ингеренции во изведувањето, туку само го презеле одржувањето. Одлуката за јавна набавка е завршена на 6ти март и се имаат пријавено на самиот тендер две фирми. Цената е 150.000 денари и работата ќе ја изведува Енергомонт Скопје при што се надеваме дека од почетокот на април ќе почне замена на ова полиетиленска цевка со челична цевка и конечно ќе биде надминат самиот проблем на населението со пукањето на оваа цевка – изјави Стојковски.

Моментално има доволни количини на вода и нема да има проблеми со водоснабдувањето во високата зона. ЈП „Водовод“ со осигурителна компанија ќе направи проценка на штетите при што целата штета ќе биде надоместена.

Radio Bum

March 29th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *