Вести
АУДИО- Костовски по инцидентот тврди дека немало физички напад тоа се лаги и небулози на ВМРО ДПМНЕ
„Најостро ги отфрлам сите обвиненија и лаги упатени на моја сметка„-, вели пртеседателот на општинската организација на СДСМ од Куманово ,Мартин Костовски, кој вели дека провладината медиумска машинерија чие седиште е во партијата ВМРО ДПМНЕ се обидела да исценира , конструира и презентира небулози и лажни информации.
Костовски вели дека никогаш не пцуел и дека тоа најмногу лично го повредило.
Јас сум Македонец, моите родител
и се Македонци, роден и образован во држава која ја сакам и за која се борам да биде слободна, демократска и среќна. Со крената глава јас сум горд Македонец – рече Костовски.
Претседателот на општинската организација ан СДСМ вели дека трактористите кога го виделе Костовски дека поминува улица почнале да го навредуваат по што сакале и физички да се пресметаат со него, но тој не дозволил вербалната пресметка да премине во физичка.
Претседателот на СДСМ од Куманово Мартин Костовски најави дека ќе бара правна разрешница на случајот. Не дозволувам никој да го користи моето име за навреди кон Македонија, најмногу лично ме повреди лагата на режимските медиуми дека сум пцуел „ мајка македонска„- вели Костовски.








