Вести
Инцидент по протестите ” За заедничка Македонија” (audio)
„По завршувањето на протестот за заедничка Македонија , ние со тактори си тргнавме за село Пчиња, но пред зградата на комитет во центарот на Куманово едно лице се нафрли врз нас и со тупаници почна да удира по мојот трактор. Јас отворив врати и го турнав по што се нафрли на друго лице и го удираше со тупаници , јас не го познавам напаѓачот но велат дека бил претседателот на Општинската организација на СДСМ од Куманово, Мартин Костовски„- вели Раде Цветковски од село Пчиња, учесник на протестите За заедничка Македонија. Тој тврди дека биле нападнати од претседателот на СДСМ од Куманово и уште две лица, по завршувањето на протестите.
Претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски во моментот е на распист во СВР Куманово, за Бум изјави дека по завршувањето на распитот ќе даде изјава за настанот.








